Образец за пријавување на неспроведување на онлајн настава
Почитувани студенти,

Комисијата за настава при УСС-УКИМ ќе го набљудува процесот на спроведувањето на онлајн наставата на Универзитетот и целосно ќе се вложи кон унапредување на истата. Сметаме дека спроведувањето на видеоконференциските предавања, таму каде што природата на предметот го дозволува тоа, мора да стане обврска за сите професори и асистенти. Предавањата се есенцијален елемент во студирањето и како таков не смее да биде заменет со комуникација на email, преку испраќање материјали за наставата. Технолошкиот развој ни овозможува целосно организирање и спроведување на наставата преку видеоконференциски платформи, а УСС-УКИМ е тука да им помогне на наставните кадри да ги реализираат предавањата користејќи ги овие платформи.

Набљудувањето ќе се врши така што целосно ќе се вклучат студентите преку пополнување онлајн образец во кој ќе ни испратат информации за тоа кои професори, по кои предмети и поради кои причини не ги реализираат предавањата преку видеоконференциски платформи. Комисијата за настава при УСС-УКИМ ќе ги разгледа овие пријави и ќе отпочне соодветна постапка во повеќе чекори чија крајна цел ќе биде одржувањето на видеоконференциските предавања по сите предмети чија природа го дозволува тоа.

Образецот за пријавување нереализирана онлајн настава, можете да го пополните на следниов линк:
https://forms.gle/nH1os2utYq599z4A8

Sign in to Google to save your progress. Learn more
На кој факултет студирате? *
Кој професор/асистент не држи онлајн предавања? (целосно име и презиме) *
По кој предмет не држи предавања? (целосен назив на предметот) *
Доколку најавил дека НЕМА да држи, дали најави на каков начин ќе се одвива наставата?
Дали професорот има најавено дека ќе држи видеоконференциски предавања? *
Дали ова се случува прв пат или горенаведениот професор континуирано не држи предавања? *
Дали професорот образложи зошто не се држат онлајн предавања? *
Доколку професорот образложи, кое беше образложението?
Доколку сакате да Ве информираме за понатамошниот тек на постапката за надзор оставете ваш email.
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy