ВАЖНО: Пријавете се најдоцна до вторник (07.11.2023) до 14.00 часот.
Наменета за: сите полнолетни жени кои имаат потреба и желба преку креативни активности да се изразат, да се истражат и да ја унапредат својата емоционална добросостојба.
Отворените работилници нудат простор каде што преку креативниот процес може да се истражуваат моментални доживувања и прашања, да се вентилираат пријатни или непријатни емоции, или едноставно да се истражуваат нови материјали и канали за израз. Секоја учесничка ќе има можност да работи индивидуално на свое дело, не се инсистрира на вербално споделување со останатите учесници.
- Учеството е бесплатно. Не е важно да се поседува уметнички талент.
- Работилниците се одвиваат под водство на психолог - практичар на експресивна арт терапија.
- По пополнување на пријавата, ќе добиете потврда за учество. Проверете го спам фолдерот.
- Доколку не сте во можност да присуствувате, Ве молиме да најавите во најбрз можен рок, бидејќи местата се ограничени.
Гарантираме дискреција и безбедност на Вашите лични податоци.