ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА ЗА МЕНТОР
Работни задачи на менторот
Работните задачи на менторот се:
-Да подготви индивидуален работен план во соработка/согласност со менторираниот студент;
-Да ја следи динамиката на реализација на индивидуалниот работен план, да одржува контакти со менториран и да воспостави взаемен однос базиран на доверба и почит;
-Да одржува индивидуални менторски средби;
-Да му помогне на менторираниот да ги идентификува своите јаки страни и да го насочи да ги надмине своите слабите страни;
-Да го следи личниот и академскиот развој на менторираниот и да го советува како да се справи со настанатите предизвици;
-Да го мотивира и охрабрува менторираниот да го надоградува своето знаење и да ги зајакнува своите вештини;
-Да дава фидбек на личниот, академскиот и професионалниот развој на менторираниот;
-Да подготвува месечни извештаи за реализираните менторски средби;
-Навремено да ги доставува потребните документи/извештаи до организацијата;
-Да одржува средби со проектен тим;
-Да применува иновативни и креативни техники за реализирање на индивидуалниот работен план.