РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРИМЕНЕТ И ПАРТИЦИПАТИВЕН ТЕАТАР

Отворен повик за учество во Работилница за применет и партиципативен театар

Работилницата за применет и партиципативен театар има за цел да креира контекст во кој, под водство на предавачите, учесниците ќе ги разменат, прошират и надоградат своите знаења и вештини во областа на театарот и ќе стекнат нови знаења и вештини поврзани со различни алактки на партиципативниот театар и театарот применет во поширок општествен контекст. Запознавајќи се и со сензорниот театар и амбиенталниот (site specific) театар, во рамки на работилницата учесниците ќе ги истражуваат можностите кои ги нуди применетиот и партиципативен театар за адресирање на важни и горливи проблеми. Низ процесот тие ќе ги развијат своите идеи и ќе ги обликуваат во социјално ангажирани перформативни уметнички акции кои ќе бидат изведени за публиката на последниот ден од работилницата. 


Работилницата ја водат Јелена Вукасновиќ, Алесандро Ола и Демир Мекиќ

Јелена Вуксановиќ (Србија), писателка и сценаристка, театарска работничка и едукаторка. Со класично образование по драматургија, во фокусот на нејзиниот интерес секогаш бил современиот и експерименталниот театар. Јелена има учествувано на разни обуки, работилници и други активности во сферата на неформалното образование, поврзани со современи и применети едукативни театарски техники. ФилмотПанамаво кој таа е автор на сценариото својата премиера ја имал на филмскиот фестивал во Кан. Во 2018 година, на Бали, ја реализира премиерно нејзината прва современа операВо... Се... - се раздени -“, компонирана од Ендис Скордис. Тука некаде може да се маркира зародишот на фасцинацијата на Јелена со овој експериментален и креативен жанр. Во јуни 2022 во Берлинската опера премиерно беше изведена нејзината втора современа операСветлосин ден“, базирана на приказната на Фердинанд фон Ширах. Повеќе за работата на Јелена можете да најдете наwww.andromedavuksanovic.com

Алесандро Ола (Alessandro Olla, IT/ESP), композитор, пијанист и изведувачки уметник. После студиите по пијано, композиција и електорнска музика, го напушта академскиот пристап кон музиката и го започнува својот уметнички пат низ експеримент, импровизација и електроника, како во компонирањето така и во сценскиот настап. Неговото лично истражување се фокусира главно на интеракцијата помеѓу музиката и другите уметнички изрази. Неговите интереси и искуство исто така вклучуваат видео-арт и танц.

Изведувал во интернациопнални музеи и галерии, како на пр.: MACBA (Museu d’Art Contemporani Барселона, 2007), BAC (Лондон, 2007), GRIM (Centre Montévideò Марсеј, 2005), Accademia d’Arte Contemporanea (Сиракуза, 2000), Théatre Daniel Soriano (Дакар, 2004), The Luggage Gallery (Сан Франциско, 2004), Voz Alta (Сан Диего, 2004). Настапувал со современи уметници меѓу кои и: Tim Hodgkinson, Marc Ribot, David Shea, David Toop, Elio Martusciello, Victor Nubla, Fabrizio Spera, Paolo Fresu, Jean Marc Montera, Lorenc Barber, Roberto Pellegrini, Henning Frimann; на фестивали меѓу кои и Time in Jazz (Berchidda, 2006), LEM (Barcelona, 2005), Europe Tendence Emotion (Paris, 2003), electricittà – GRIM (Marseilles, 2005, 2003), Festival SpazioMusica (Cagliari, 2003), Ixem (Firenze, 2003), Impro Match, festival europeen de musique improvisée (Poitiers, 1999). Во 1996 го основал ансамблот Coincidentia Oppositorum.

Од 1999 компонира оригинална музика за бројни претстави, соработувајќи со важни италијански театари и театарски уметници, како Дарио Фо, Марко Карнити, Марко Пароди, Дациа Мараини, Марио Фатикони, Франческо Ориго, Франческо Сапонаро, Карла Тато. Автор е на театарски претстави кои исто така вклучуваат претстави базирани на импровизација (Suonobliquo, Water Rythms, Aleph). Компонирал музика за радио, телевизија и филмови и работел на звучни записи на локации во урбани и рурални средини.

Од 1994 работи и како подучувач и ментор, во рамки на театарски и музички работилници. Подучувајќи, го продлабочил својот поглед на врската музика-јазик-поезија и како режисер реализирал неколку проекти базирани на вокални експериментирања. Веќе шест години држи часови за музикотерапија и театарски работилници, работејќи во полето на менталните потешкотии.

Во 2007 го основа и почнува да го води мултимедијалниот фестивал на напредна музика SIGNAL, чијшто е идеен творец. Од 2001 до 2005 организирал годишен фестивал за импровизација и музичко истражување, базиран на работилници и перформанси во Каљари, Сардинија. Живее помеѓу Барселона, Рим и Каљари, а базата му е (главно) во Каљари, каде во 1995 го основал центарот посветен на музичко истражување и театарски експеримент, TiConZero [www.ticonzero.org]

Повеќе информации за предавачот на: http://www.aleolla.it/


Демир Мекиќ (Србија), социолог, тренер и практичар на Театарот на угнетените. Формалното и неформалното образование, применетиот театар и работата со млади се дел од неговиот професионален развој. Со Театарот на угнетените се занимава повеќе од 10 години и во тој период го развива својот метод на работа со заедницата во целина преку употреба на театар, со акцент на работа со млади луѓе, во областа на теми поврзани со човеквите права, интердисциплинрност и инклузија. Демир во текот на својата долгогодишна работа има одржано стотици работилници, семинари и обуки во регионот, а меѓународно, има учествувано и во создавањето на повеќе претстави и анимирани филмови. Некои од драмите на кои тој е автор/водач на драмскиот процес се: „Кон сонцето“ – драма за инклузија на бегалеци, „Кафеански прирачник“ – претстава за национализмот, „Тоа“ – претстава за угнетувањето на ЛГБТ+заедница во Босна и Херцеговина. Во текот на 2020 година, заедно со колегите од регионот, со поддршка од организацијата Форум ЗФД - Програма Северна Македонија, Демир изработи прирачник за користење на Театарот на угнетените во дигиталниот простор, наменет за едукатори кои се занимаваат со оваа тема.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме 
*
Возраст 
*
Email *
Телефон за контакт 
*
Професија / занимање 
*
Кој аспект од работилницата најмногу те мотивираше да се пријавиш? 
*
Дали имаш претходно искуство со некој вид на применет, партиципативен и/или сензорен театар? Или некакво друго претходно искуство со партиципативна уметност? Ако да, те молам сподели ни го накратко. 
*
На кој општествен проблем, прашање или тема би сакал да се фокусираш и да го разработуваш користејќи ја уметноста како средство? Те молиме, биди колку што е можно поспецифичен. Добредојдена е приказна која би го илустрирала избраниот општествен проблем, па ако ја имаш те молиме сподели ја со нас.  
*
Кажи ни нешто повеќе за себе :) 
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy