Пријава за учество на вебинарот „Професијата на наставникот – од конструктивизам до форма на уметност„
😍Здружението Ајнштајн со задоволство ви го најавува петтиот едукативен настан за оваа година, вебинарот „ ПРОФЕСИЈАТА НА НАСТАВНИКОТ - ОД КОНСТРУКТИВИЗАМ ДО ФОРМА НА УМЕТНОСТ„

📅16-ти Април 2022
🕙10 часот
💻ZOOM
🧑‍🏫Обучувач на вебинарот ќе биде проф. д-р Кирил Барабереев, редовен професор на факултетот за образовни науки при Универзитетот Гоце Делчев Штип.

✅Цели на вебинарот:
Овој вебинар има за цел да ја развие свеста за личните и професионалните квалитети и вештини кои се потребни на наставниците. Да го продлабочиме знаењето и ставот кон целите на образованието и професијата на наставникот. Како се реализира наставата и нејзиното содејство на толку многу елементи, вклучувајќи меѓучовечки, интелектуални, физички, духовни и естетски димензии. Како наставата се менува по форма и суштина од час во час, од одделение до одделение. Како некои теории зборуваат за наставата како за наука, која го вклучува изборот на најдобрите начини за пренесување на знаењето и зошто други ја истакнуваат нејзината уметничка страна и ставаат акцент на чувството за настава или стилот на наставата.

🟠Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа и поделен на 3 интерактивни модули.
Модул 1⃣
• Вовед
• Добредојде, кратко претставување
• Што се случува со глобалните промени и реформите во образованието?
Модул 2⃣
• Наставникот и наставата – од конструктивизам до форма на уметност
• Која е целта децата да одат на училиште?
• Што треба да научат учениците и како да се мотивираат?
Модул 3⃣
• Мудроста на практиката
• Чувство за стил

⚠ Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.

👩‍🎓Целна група: наставници почетници, наставници, психолози, педагози, студенти на факултети за образование на наставници.

🔶Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 649 денари, a последен предвиден рок за уплата на котизацијата е 15-ти април.

Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Со платежна картичка преку нашата онлајн продавница за следниов линк https://edukacija.com.mk/vebinar-nastavnik-profesija/
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Уплата на фактура.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое време на 078296885.

Со почит
Тимот на Здружение Ајнштајн
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Мобилен телефон *
Во кое својство се пријавувате на вебинарот? *
На кој начин ќе ја извршите уплатата на котизацијата? *
Доколку уплата ја извршувате преку фактура, ве молиме наведете назив на првното лице и адреса на седиште.
Дали сте активен член во Здружението Ајнштајн и дали  ја имате уплатено годишната чланарина? *
Доколку не сте активен член на Ајнштајн, дали би сакале да добиете подетални информации за придобивките од нашето членство? *
Како дознавте за овој вебинар? *
Се согласувате дека сите погоре наведени податоци се точни? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy