[Отворено предавање] Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?
Приклучете се на онлајн отворено предавање на тема „Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?“ кое ќе го одржи Матеј Поп-Дучев на 27-ми јануари (среда) од 18:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM.
За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате на овој формулар најдоцна до 26-ти јануари.
Непосредно пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.
Настанот е организиран од Младински образовен форум во партнерство со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.