Регистрација за NASA Space Apps Challenge SKOPJE, MKD (1-3 октомври 2021)
NASA Space Apps Challenge овој пат се одржува јубилејно по 10ти пат од 1ви до 3ти октомври 2021 година, и нуди многу нови можности и изненадувања!
Во чест на 10 годишнината, NASA додададе 4 нови категории, а со тоа и можност дури 10 победнички тимови од целиот свет (од кои еден може да биде токму вашиот) да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на вселенско летало! Дополнително на ова, 2 члена од победничкиот тим на национално ниво со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, локалните партнери и спонзори, ќе ја добијат истата можност.
NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори, градители, уметниции, технолозите кои организирани во локални тимови ќе работат 48 часа за да ги решат овогодинешните предизвици зададени од експертите на Американската агенција за вселенски истражувања NASA и нема ограничување по возраст.
Среќно!
Национални Организатори: NewMan's Business Accelerator и Фондација Голдилокс Скопје
Генерален партнер: Амбасада на САД во Скопје