Во склоп на проектот EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех, во организација на ЦИА Новус Струмица, а финансирано од Фондација Отворено Општество Македонија, се спроведуваат бесплатни обуки во 7 градови на тема:
“Пристап до ЕУ фондови за финансирање на бизнис идеи и проекти”
Шестата од вкупно 7 обуки ќе се спроведува во Битола на 20.04.2024 (сабота) во Хотел Капри Битола.
Пријавувањето за учество на оваа обука се врши со пополнување на оваа форма, при што нашиот тим во најбрз рок ќе Ве контактира на оставената мејл адреса.