Формулар за учество на отворениот повик за интерактивни визуализации на Фондација КАНТАРОТ
Рок за учество: 30 јуни 2023 г.
Испратените предлози ќе бидат прегледани до 15 јули. Сите издржани предлози ќе добијат по 2.000 денари. Потоа, секој од избраните учесници ќе биде лично контактиран од Фондација КАНТАРОТ за понатамошен ангажман за реализација на својата визуализација. Од наша страна ќе биде понудена листа на различни спецификации за различно ниво на комплексност на конечниот продукт. Според тежината на задачата, тие што ќе ги исполнат бараните спецификации ќе добијат бонуси во различни вредности.