Инфо ден Гаранција за млади 2022
Ве покануваме на Инфо ден за Гаранција за млади во просториите на МладиХаб! За вас достапни ќе бидат нашите теренски работници кои на лице место ќе ви ги одговарат сите прашања и дилеми околу Младинската гаранција.
📅 17 јуни
📌 МладиХаб
⏲️ 10:00 - 16:00 часот
🟣 Што е Гаранција за млади?
Гаранција за млади е програма која што на младите им се обезбедува можност за обука, преквалификација, основање сопствен бизнис, вработување или образовна надградба.
🟣 Зошто да се вклучам во Гаранција за млади?
◾️ Повеќе информации за можностите за вработување
◾️ Полесно вклучување на пазарот на трудот
◾️ Поддршка за основање на сопствен бизнис со неповратни средства
◾️ Шанса за вработување со субвенционирани плати
◾️ Можност за практиканство
◾️ Шанса за унапредување на дигитални вештини
◾️ Можност за посета на обуки за доквалификација и преквалификација
Ве очекуваме!