Ни претставува вистинска чест да Ве поканиме на нашиот саем на тема „Начини до добро ментално здравје“!
Овој настан ќе биде исполнет со различни активности:
ИНТЕРАКТИВНА РАБОТИЛНИЦА за истакнување на потребата од грижата за менталното здравје, позитивниот пристап кон целокупното здравје и важноста на менталната хигиена.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ НА МЛАДИ 2024 – 2026, на која ќе бидат претставени целите и активностите на Стратегијата и нивното значење за младите.
САЕМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, на кој ќе бидат промовирани различните начини, методи и услуги достапни околу нас, кои придонесуваат кон холистички (сеопфатен) пристап кон афирмација на менталното здравје кај младите.
📅 25 јануари 2024 (четврток)
⏰ 13:00 - 15:00 часот
📌 Студентски културен центар Скопје