Видео работилница за млади во Тетово
Програмата Младински Активизам на Младински образовен форум организира видео работилница за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 19-ти до 21-ви април 2019 во Тетово.
На обуката ќе се зборува за медиумска писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Обуката ќе служи за теоретска поткрепа на учесниците и изучување на изработка на видеа, вештини кои ќе се употребат и во текот на самата обука. Право на учество имаат млади од Тетово кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за околината каде тие живеат.

Што?
За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални проблеми и недостатоци и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео.

Каде?

Работилницата ќе се одржи во просториите на Лоја, Тетово.

Кога?

Од 19-ти до 21-ви април. Работилницата започнува во петок во попладневните часови и завршува во недела попладне.

Кој може да аплицира?

Сите млади од Тетово. Претходно познавање и искуство не е потребно.

Како се аплицира?

Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 18.04.2019 (четврток).

Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на целата работилница. Работен јазик е македонски.
Повеќе информации за повикот на fari_hiseni@mof.org.mk, 071 396 612

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Возраст *
Мејл адреса *
Телефонски број *
Што ве мотивира да се пријавите на оваа работилница (максимум 200 зборови)? *
Дали имате искуство во снимање и монтирање на видеа?
Дали можете да присуствувате на целата работилница? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse