Регистрација за настан: #GoNuts [Дискусија за ментална култура]
Ве покануваме на нашиот прв настан #GoNuts во организација на активните членови на Младите Можат. Ние се стремиме да ги срушиме стигмите и постоењето на табуто околу менталното здравје во нашето општество. Со оглед на релаксираната природа на настанот, присутните ќе можат да ги постават своите анонимни прашања, кои ќе бидат прочитани и одговорени во текот на настанот од страна на нашите психолози-гости. Темата на која ќе можете да прашате, ќе биде менталната кулутра (токсични врски, анксиозност, мотивација).