Апликациски формулар за членови на Младинската мрежа за еднаквост

Младинската мрежа за еднаквост ќе биде младинско тело коешто ќе има важна улога во работата на Еквалис, но и силна компомонента на локално дејствување на самите активисти. Членовите на Мрежата ќе бидат вклучени во предложување, спроведување и оценување на проектните активности во Еквалис, како и изворно информирање за младинските позиции кога Еквалис ќе застапува за одредени прашања од својата мисија на институционално ниво. Покрај тоа, членовите на Мрежата ќе имаат свои лидерски позиции во локалните заедници каде што живеат. Како членови на Мрежата, локалните активисти се очекува да продолжат да се вклучуваат во социјалните движења за промени во коишто веќе се дел, но и да и ги понудат на својата локална заедница своите вештини и активистички ангажмани.

Тематските полиња во коишто ќе дејствуваат активистите на Младинскта мрежа за еднаквост се: родовата еднаквост, ЛГБТИ+ еднаквоста и  мултиетничкиот соживот. Мрежата е отворена за младински активисти од територијата на целата држава на возраст од 15 до 30 години.

Како дел од првите чекори за станување на дел од мрежата се:

1. Учество на 7 дневен тренинг за членовите на Мрежата (13-19 јануари, 2023) во Кратово

2.Учество во организација и спроведување на јавен настан за промоција на мрежата во Скопје на 11 февруари 2023

Сите заинтересирани млади што сакаат да станат дел од Мрежата треба да ја пополнат апликацијата  најдоцна до 10 декември 2022 до 16:00 часот. Резултатите од селекцијата ќе бидат објавени 10 дена по затворање на рокот. 

Формирањето на мрежата и активностите кон нејзиното формирање се дел од проектот „Младите обединети за еднаквост“ поддржан од Европската младинска фондација и Советот на Европа. 

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме: *
Преферирано име: (доколку е различно од оригиналното име)
Години: *
Град/општина: *
Телефонски број *
Мејл адреса: *
Која е вашата мотивација за да станете член/ка на Младинската мрежа за еднаквост? (Одговорите треба да се најмалку 5-6 реченици) *
Во кое од следните полиња ќе се фокусирате како член/ка на Мрежата? (можен е избор на повеќе од едно поле)
Направете краток осврт на својот младински ангажман во полињата во коишто ќе дејствува мрежата. Кое е вашето претходно искуство во темите поврзани со еднаквоста (родовата еднаквост, ЛГБТИ+ еднаквоста или градењето на мулетнички соживот? *
Наведете на кои начини може да ја поддржите Мрежата и нејзиното функционирање со конкретни вештини што ги поседувате (пример: јавно говорење, врсничко менторство, организирање на едукативни работилници, застапување во одредени неформални групи или протестни движења во вашата локална заедница)? Образложете како би ги искористиле овие вештини во работа со вашата локална заедница. (Одговорите треба да се најмалку 5-6 реченици) *
Со пополнувањето на оваа апликација се согласувате на следното (одберете ги сите полиња со коишто се согласувате):
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy