ПРИЈАВА ЗА ЕДУКАТИВНА ПРОШЕТКА НИЗ ИЗЛОЖБАТА „ЖЕНИТЕ АРХИТЕКТИ“ недела, 13 март од 11:00 до 12:30 часот
Датум и време:
недела, 13 март од 11:00 до 12:30 часот
Локација: Музеј на Република Северна Македонија
Кустос-водич на посетата: Бојана Јанева
Групата ќе се сретне на платото пред Музеј на Република Северна Македонија во 10:50 часот.
Организатор на настанот: Здружение за поддршка и промоција на културата Континео 2020, Скопје
Проектот е поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје.
ВНИМАНИЕ:
Услови за учество:
Според најновите законски мерки за Ковид-19 вирусот, групата на посетители е ограничена на 20 лица. Со помош на оваа пријава ќе бидат заведени првите 20 лица кои ќе се пријават и истите тие ќе добијат е-потврда за успешно пријавување со тоа што ќе добијат копија од оваа форма на е-адресата со која се пријавуваат. Штом бројот на места се пополни, формата за пријава ќе биде оневозможена.
За влез во музејот, потребно е задолжително носење на маски, како и сертификат за извршена имунизација или потврда за прележан Ковид во последните 45 дена. На оние кои нема да успеат да ги исполнат наведените услови, нема да им биде дозволен влез во објектот и изложбата.
Организираната посета не се наплаќа.
Е-адресите кои се регистрираат и збираат преку оваа форма ќе се користат единствено за контакт и комуникација со пријавените лица за прошетката.