Пријава за учество на вебинарот  „Секој наставник е лидер – Наставникот примарна алка во општеството„ 
Здружението Ајнштајн ве поканува на вебинарот “СЕКОЈ НАСТАВНИК Е ЛИДЕР – Наставникот примарна алка во општеството”
📅5-ти април (среда), 2023 година
🕙 18 часот
💻ZOOM
👨‍🏫Обучувач на вебинарот ќе биде проф. д-р Кирил Барабереев, редовен професор на факултетот за образовни науки при Универзитетот Гоце Делчев Штип.
📣Цел на вебинарот:
Секој воспитувач, наставник и професор е личност во која младите луѓе гледаат и препознаваат модел од кој учат многу. Колку сме свесни за улогата која ја имаме во општеството и што правиме за да станеме уште подобри? Во заедница која учи, наставниците имаат моќ и автономија, како и чувство за припадност во училиштето и општеството во процесот на учење. Тоа значи дека наставниците не се само професионалци кои учат и пренесуваат знаења, тука личности кои раководат со процесот на учење и силно влијаат на културолошкиот развој на младиот човек.
Овој вебинар има за цел да ја развие свеста за личните и професионалните квалитети и вештини кои се потребни на наставниците. Да го продлабочиме знаењето и ставот кон целите на образованието и професијата на наставникот како една од најважните професии во државата.
📣 Истиот ќе биде поделен во три сесии со кратки паузи помеѓу сесиите :
Сесија 1: 60 минути
👉 Вовед
👉 Добредојде, кратко претставување
👉 Епохалната личност на наставникот
Сесија 2: 60 минути
👉 Наставникот како лидер
👉 Чувство за стил
Сесија 3: 60 минути
👉 Интерактивна сесија - дискусија
📜Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа, по завршувањето на истиот сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
👨👨👧👧Вебинарот е наменет воспитувачи, наставници, професори, стручни соработници, родители, студенти, но и за сите заинтересирани граѓани.

👉Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 850 денари, за членовите на Здружението Ајнштајн следува 20% попуст.

Доколку се пријавите група од над 4 учесници следува 20% попуст на секоја котизација.

🔶Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/vebinar-nastavnik-lider/
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Уплата на фактура.

Последен предвиден рок за уплата е 04-ти април.

💻За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.

❓ За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на viber или whats app 078 296 885
Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Email *
Име и презиме *
Мобилен телефон *
Доколку се пријавувате група од 4 или над 4 учесници, наведете ги имињата, презимињата и e-mail адресите на останатите учесници.
Во кое својство се пријавувате на вебинарот? *
На кој начин ќе ја извршите уплатата на котизацијата? *
Доколку уплата ја извршувате преку фактура, ве молиме наведете назив на првното лице и адреса на седиште.
Дали сте активен член во Здружението Ајнштајн и дали  ја имате уплатено годишната чланарина? *
Доколку не сте активен член на Ајнштајн, дали би сакале да добиете подетални информации за придобивките од нашето членство? *
Како дознавте за овој вебинар? *
Се согласувате дека сите погоре наведени податоци се точни? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy