ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРАДОТ СКОПЈЕ
Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, во рамки на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” објавува Јавен Повик за  изразување интерес на ЕЛС за добивање поддршка за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката со засегнатите страни во општината.

Придобивки за Единиците на Локална Самоуправа:
Креиран регистар за парафискални давачки во општината и препораки за нивна оптимизација за да се подигне локалната конкурентност;
Зголемена транспарентноста на општината, преку поддршка во прибирање и обработка на податоци за фискалната транспарентност на општината на едно место;
Можности за зголемување на капацитетите за: финансиска транспарентност на буџетот; парафискални давачки; јавни набавки; мониторинг; застапување; и градење партнерства;
Зголемена соработка со засегнатите страни (невладин сектор, бизнис сектор, млади и сл) преку воспоставување на механизам заснован врз докази на повеќе засегнати страни за дизајнирање и следење на финансиската транспарентност на општините;
Креирање анализи на ниво на ЕЛС;
Можност за промоција на постигнувањата на општината во фискалната транспарентност.


Ќе бидат избрани 18 општини водејќи сметка за регионалната, урбана/рурална застапеност, потенцијалот за вклучување на засегнати страни (присуство на невладини организации, комори и бизнис сектор), отвореноста на општината за подигање на транспарентноста, потребата  и минати искуства од ваков тип активности.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Општина *
Колку активни невладини организации на територијата на вашата општина има? *
Колку активни компании има на територијата на вашата општина, кои би можеле да се вклучат во заедничкиот механизам за соработка? *
Во која мера е воспоставена соработка со засегнатите страни (бизнис сектор, невладини организации, медиуми) во поглед на фискалната транспарентност? *
Дали имате воспоставен регистар на парафискални давачки (сите форми на дозволи, локални такси, одобренија за бизнис секторот и граѓаните)? *
Кој е вашиот мотив, како општина, да бидете дел од овој процес? *
Кое е вашето претходно учество во вакви процеси за подигање на транспарентноста? (како општина) *
Колку лица од Општината би можеле да учествуваат на активностите за обуки? *
Колку лица од Општината би можеле да учествуваат во воспоставениот механизам (тело) за соработка со различни засегнати страни? *
Кои од наведените резултати на овој процес ви се најголема придобивка и мотивација . Рангирајте од 1 -најголема 5 - најмала *
1
2
3
4
5
Подигање на капацитетите на администрацијата во општината
Креирање регистар на парафискални давачки и унапредување на процесот на управување со истите
Креирање механизам (тело) за зголемена соработка со засегнатите страни
Зголемена транспарентност на општината
Креирани анализи и зголемена видливост на општината
Лице за контакт (Име и Презиме) и позиција *
Email *
Телефонски број *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy