Анкета за ставовите на учениците за предметот / наставната програма по физичко и здравствено образование
Почитувани, анкетата има за цел да ги измери вашите ставови за предметот/програмата по физичко и здравствено образование.
Преку анкетата НЕ СЕ ОЦЕНУВААТ училиштата, професорите и учениците, туку се настојува преку вашите размислувања и преференции да се понуди подобрување на програмата, на национално ниво, како и да се посвети поголемо внимание за значењето на предметот во рамки на образовниот процес.