PowerWORMS Прашалник за училишта за стручно образование и обука, земјоделски центри и високообразовни институции 


Почитувани учесници,

 

Проектот PowerWORMS има за цел да ги проучува, истражува и верификува производните техники и спецификации на вермикомпостирање со цел да го пренесе знаењето на заинтересираните страни; земјоделците и потрошувачите со цел да се посочи важноста од користењето на вермикомпостот.

Главна цел на проектот е да се промовира, олесни и забрза глобалната транзиција кон одржливо земјоделство и управување со органски отпад со цел да се врати климатската стабилност, да се зголеми биодиверзитетот, да се обнови плодноста на почвата и унапреди производството на здрава храна.

Овој прашалник е дел од првиот работен пакет во проектот - Анализата на образовните барања (ERA).

Целта на Анализата на образовните барања (ERA) е да се одреди колку е присутно вермикомпостирањето во земјоделството во земјите членки во проектот.

Анализата на образовните барања (ЕРА) ќе се заснова на моменталната ситуација и најдобрите практики за био-компостирање и вермикомпостирање на земјоделски, урбан и агро-индустриски отпад во денешното земјоделство, образовниот сектор, јавната свест и побарувачката во земјите учеснички во проектот.

Нашата главна цел на ова истражување е да ги утврдиме сегашните нивоа на знаење на земјоделците, училиштата за стручно образование и обука, универзитетите и земјоделските центри во врска со вермикомпостирањето и да ја одредиме нивната перцепција за потенцијалите за вермикомпостирање.

За да ја исполниме оваа цел, љубезно ве замолуваме да одвоите неколку минути и да одговорите на прашањата подолу.

Овој прашалник собира податоци кои ќе се обработуваат со големо внимание, а вашиот одговор ќе биде дел од збирната база на податоци, без никакво повикување на поединечни одговори и проблеми со приватноста на личните податоци.

Однапред ви благодариме за соработката!

Со почит, 

Фондација Агро-центар за едукација

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy