Преку проектот ќе се одржат вкупно 12 обуки наменети за млади вработени во социјални претпријатија и невработени млади лица од ранливи групи на граѓани со цел да намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие и ќе им помогнат во нивниот професионален раст и развој.
Пријавете го вашето учество со пополнување на апликациската форма, по што ќе бидете контактирани од членовите на нашиот тим за точната локација на обуките.
Еден учесник може да се пријави за обуки на повеќе теми.