ОТВОРЕН ПОВИК: РАБОТИЛНИЦИ ЗА КРЕАТИВЕН АКТИВИЗАМ СО ПАРТИЗАНСКА ШТАМПА И ЕКВАЛИС
Здружение за едукативен развој Еквалис во соработка со Партизанска штампа отвора повик за учесниц(чк)и на тридневна работилница за користење на ситопечат техниката во активистички цели. Програмата, насловена „Креирање мапа на чешми со питка вода преку техника на ситопечат“ ќе се фокусира на мапирање на функционалните фонтани и чешми со питка вода, како елементи во јавниот градски простор на Скопје, и нивно креативно претставување, преку графички техники на ситопечат.

Кој треба да се пријави?
Оваа програма е отворена за сите оние кои сакаат да трагаат низ градот и да ја преиспитаат функционалноста на јавниот простор. Истовремено, оваа програма е одлична прилика да се осознаат нови креативни техники на изразување и нивната потенцијална примена за активистичко делување.

Што ќе правиме?
Преку програмата, учесниците ќе направат мапирање на функционалноста на јавните чешми во различни маала низ градот, вклучувајќи се како граѓан(к)и во преиспитување на функционалноста на јавниот простор и пристапот до питка вода како основно право на секој човек. Прашањето со јавните чешми и фонтани ќе поттикне разговор и за јавниот простор на Скопје, воопшто. Живеејќи во град кој сè помалку е во склоп со потребите на граѓаните, сакаме да отпочнеме разговор за тоа како негрижата за овие, навидум, минорни проблеми, како што е достапност до јавни чешми со питка вода, сè повеќе го прават јавниот простор непријатен и нефункционален за граѓаните.

По извршеното мапирање, учесниците, заедно со менторите на програмата, ќе го започнат креативниот процес на дизајнирање на мапа од овие чешми, која потоа ќе биде печатена со техниката ситопечат. Тие ќе бидат вклучени во целиот креативен процес и самите ќе имаат шанса да научат како се печати со ситопечат.

Што е ситопечат?
Ситопечат е графичка техника, со која при пропуст на боја се остава отпечаток на рамна површина. Од сите графички техники, ситопечатот нуди најмногу можности за слободен израз. Бидејќи рудиментарните материјали за ситопечат се лесно достапни, оваа техника често се користи во андерграунд движењата и во разни субкултури, поради што и е избраната техника која ќе се учи во рамките на оваа програма. Финалните продукти од програмата, во текот на месец март, ќе бидат прикажани како дел од јавна изложба.

Работилниците ќе бидат водени од страна на  Билјана Димитрова, Милош Стојановиќ и Јован Гаковски. 

Распоред на работилници:
Напомена: Секоја од работилниците ќе трае околу два часа.

24.02.2024     Воведна работилница (во просториите на Партизанска Штампа)
25.02.2024     Мапирање и фотографирање на функционални чешми во различни населби во Скојпе (Работа на терен)
02.03.2024      Изучување на техника ситопечат и принтање на финалните продукти (во просториите на Партизанска Штампа)
Во текот на март, 2024    Изложба на дела и јавен настан (локацијата ќе биде дополнително потврдена)

Сите заинтересирани учесници треба да ја пополнат апликацијата најдоцна до 21-ви февруари до 17:00ч.

За какви било дополнителни прашања за работилниците, контактирајте нè на info@ekvalis.org.mk.

Поради ограничениот број на учесници, предност ќе имаат оние кои се први пријавени.

Програмата „Креирање мапа на чешми со питка вода преку техника на ситопечат е дел од проектот  „Промоција на младински активизам и граѓанско учество“ спроведуван од Здружението за едукативен развој - Еквалис, а финансиски поддржан од Националниот фонд за демократија (NED).
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Возраст *
Училиште/факултет/организација/активистичка група:
*
Мејл адреса *
Телефонски број *
Со пополнување на оваа пријава се согласувам: *
Required
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy