ОТОМАНСКО НАСЛЕДСТВО: Перцепции и можности за туристички развој
Целта на истражувањето е да ги идентификува сфаќањата во врска со Отоманското наследство во различни европски земји. Поконкретно, задача е да се оценат ставовите за развој на културна рута од Виена до Истанбул врз основа на Отоманското наследство во Европа. Анкетата се спроведува во Холандија, Велика Британија, Србија, Бугарија, Хрватска, Унгарија и Македонија.
Ве молиме да го пополните прашалникот, давајќи свој придонес кон општите цели за развој на културната рута „Патеката на Султанот- Европски културен пат“.
Ви благодариме за издвоеното време и напорот.