КУРСЕВИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК 2023/24
Едукативниот тренинг центар ЕДУ БУМЕРАНГ од Прилеп врши уписи на нови слушатели по германски јазик кои наставата ќе имаат можност да ја следат онлајн и тоа по теркот на најсовремените светски едукативни центри.
 
*** Ве молиме задолжително да се информирате околу деталите се до наредните ѕвездички пред пополнување на овој формулар.

За оваа учебна година организираме курсеви за деца (ученици од 10 до 14 години), но и за средношколци и возрасни лица, и тоа за следниве нивоа:

- А 1/1   5. и 6. одделение (почетен курс по германски јазик без предзнаење)
- А 1/2   7. одделение
- А 2/1   8. одделение
- A 2/2   9. одделение  

- A 2      1. година средно
- B 1      2. година средно
- B 1+    3. година средно
- B 2      4. година средно

- А 1.1 почетен курс за возрасни (без предзнаења)
- А 1.2 почетен курс за возрасни (со стекнати предзнаења А 1.1 ниво)
- А 2.1 курс за возрасни (со стекнати предзнаења А 1.2 ниво)
- А 2.2 курс за возрасни (со стекнати предзнаења А 2.1 ниво)
- B 1.1 курс за возрасни (со стекнати предзнаења A2)
- B 1.2 курс за возрасни (со стекнати предзнаења B1.1)
- B 2.1 курс за возрасни (со стекнати предзнаења B1)
- B 2.2 курс за возрасни (со стекнати предзнаењa B 2.1)
 
 
НАПОМЕНА: Со исклучок на почетниот курс А 1.1 наменет за ученици од 5. и 6. одделение и возрасни кои немаат никакви предзнаења, за сите останати групи (нивоа) потребно е да се направи краток дијагностички тест, со чијашто помош ќе го одредиме нивото, а со тоа и групата во која треба да посетувате настава. Тестирањето можете да го направите сами на овој линк: https://www.german-online-training.com/deutsch-online-einstufungstest/

Временска рамка: Курсевите се екстензивни, тоа значи дека во првото полугодие ќе траат 3 месеци по 4 седмици месечно. Во секоја седмица се предвидени по 2 часа во времетраење од 60 мин. (за учениците од  5. до  9. одделение), односно 2 часа по 90 мин. за средношколците и возрасните лица. Наставата започнува на 14. Септември, а истата ќе се одвива по моделот на Blended Learning со синхронизирана ONLINE настава во живо на платформата ZOOM, но и во виртуелно искреирани училници каде асинхроно ќе се поставуваат задачи и ќе се следи напредокот на секој слушател поединечно.

Цена:
- 5. - 9. одд. - 2000 денари за 8 часа (60 минутни) месечно
- Средношколци  1-4 год. и возрасни - 3000 денари за 8 часа (90 минутни) месечно
- Уплатата се врши исклучиво на жиро-сметка (детални информации ќе добиете по оформување на групите)

1) пополнете го формуларот подолу за да се пријавите (на крај треба да добиете порака дека пријавувањето било успешно)
2) по завршување на пријавувањата, најдоцна до 13. Септември ќе добиете меил со информација дали е оформена група за Вашето ниво и распоред на часови.

Уписите  се во тек и завршуваат на 13. Септември (недела) во 23:59.

*****

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и Презиме *
Ученик во *
Назив на образовната институција во која учите:
Би сакал да посетувам ... *
Доколку сакате да посетувате курс за возрасни, наведете го нивото на курсот што сакате да го посетувате:
Име и Презиме на родител/старател доколку сте малолетен/малолетна.
E-Mail адреса на родител/старател:
Вашиот телефонски број за контакт: *
Телефонскиот број на родителот/старателот:
Доколку имате дополнителни прашања Ве молиме внесете ги тука:
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy