Во рамки на активностите на проектот ARTCOWORKERS поддржан од Еразмус Плус програмата, ние од Театар Сенки и Облаци објавуваме Повик за нови соработници во рамки на нашата најнова претстава. Повикот е отворен до 31 јануари 2023 година.
За кого е наменет Повикот?
Ако сте >>
- Уметник (професионален или аматер, на возраст од 5 до 55 години и сте лице со видлива или невидлива попреченост),
- творите во областа на театарот, музиката, литературата, ликовната уметност, рачните изработки, филмот и други теми од областа на културата,
- имате желба да учествувате во претстава со сенки, лично или преку своето уметничко дело,
>> тогаш ова е повик отворен токму за вас!
Зошто е интересен овој Повик?
Од пристигнатите пријави, ќе бидат одбрани најмногу 10 уметници - лица со попреченост со кои ќе потпишеме договори за соработкa. Тие ќе станат дел од креативниот истражувачки процес за создавање нова инклузивна претстава со сенки, а 2-ца од избраните уметници ќе ни се придружат на фестивалско гостување во градот Печ, Унгарија!
Сите останати учесници ќе бидат вклучени во колективна уметничка изложба во Театар Сенки и Облаци во текот на 2023 година.
Што е потребно за да се пријавите?
Најпрво пополнете го овој формулар, а потоа на меилот shadowsandclouds.theater@gmail.com пратете ни' фотографија или кратко видео од вашите дела (цртеж, рачна изработка, песна, расказ, музички настап, танц и слично). Еден автор може да учествува со најмногу 5 дела. Доколку Ви е потребна поддршка при пријавувањето или пак имате некое прашање, пишете ни на Фејсбук профилот на Театар Сенки и Облаци или на 070 302 572.
Рокот за пријавување е најдоцна до 31 јануари 2023.
Одлуката за избраните проекти ќе биде соопштена на 3 февруари 2023.
Благодариме на интересот!
Театар Сенки и Облаци