Повик за дебатери | Национално дебатно првенство 2022
Дебатната програма на МОФ со задоволство ви го најавува Националното дебатно првенство за 2022 година. Можност за учество имаат сите млади кои се средношколци. Можете да се пријавите како индивидуален дебатер (ние ќе се потрудиме да ви обезбедиме сотимјани) или како тим!
Датум: 29 јуни - 1 јули
Локација: Скопје, факултет за Туризам и менаџмент
Теза: Овој Дом Верува Дека е оправдано за граѓанските движења да користат стратегии за дезинформирање во борбата против диктаторски режими.
Формат: World Schools
Рунди: 4 прелиминарни рунди, полу-финале и финале.
Официјален јазик: Македонски јазик
Регистрацијата на тимови е отворена до 26 јуни 23:59ч.