10-12 ноември, (18.30 – 19.30 ч.) – zoom платформа
„ФИЛОЗОФИЈА ЗА ДЕЦА ПРЕКУ ФИЛМ“ со проф. д-р Веселин Дафов (Бугарија)
во рамките на Едукативната програма на 10. Филозофски Филмски Фестивал.
Веселин Дафов е професор на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и основач на „Онтоидеја“, образовна институција за филозофија за деца.
Работилницата е наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО. На Работилницата ќе можат да присуствуваат најмногу 20 учесници. Доколку сакате да бидете учесник Ве молиме пополнете го кусиот прашалник подолу, а за дополнителни информации контактирајте нè на мејл адресата:
contact@philosophicalfilmfestival.mk. Вашето присуство ќе биде потврдено најдоцна до 6-ти ноември (петок).
Повеќе информации за „Фил(м)ософија за деца“ програмата на ФФФ можете да најдете на веб-страницата:
www.philosophicalfilmfestival.mk или на FB страната: Филозофски Филмски Фестивал / Philosophical Film Festival.