Пријава за учество на обуки за ментално здравје
Драги млади,
Ви благодариме за интересот за вклучување во дел од обуките за ментално здравје, организирани од страна на Националниот младински совет на Македонија, во соработка со платформата Разговор.мк. По повод Месецот на ментално здравје, организираме уште 2 обуки наменети за млади од 15 до 29 години, на теми поврзани со менталното здравје.
Работилниците ќе се одвиваат со физичко присуство во просториите на МладиХаб во Скопје.
Имајте на ум дека поради ограничените капацитети на просторот за настанот, ќе бидат прифатени само 40 пријави по работилница, на принципот first come, first served.
Поздрав,
МладиХаб