По повод на празникот 8ми Март, ЦМА Крик организира бесплатни работилници за изработка на уметнички слики. Работилниците се наменети за млади девојки во возраст од 18 до 29 години со попреченост или со типичен развој, и има за цел да ги зајакне капацитетите за креативното изразување и да поттикне развој на личните вештини.
Работилниците ќе се одржат во Окупациониот Центар на Крик во населба Црниче, во 10:00 часот, на следните датуми:
Прва работилница 27.02. 2024 - вторник
Втора работилница 28.02.2024 - среда
Трета работилница 29.02.2024 - четврток
Четврта работилница 01.03.2024 - петок
Изработените слики ќе се промовираат на социјалните мрежи и ќе се продаваат на настани наменети за промоција и продажба спроведени на 6ти, 7ми и 8ми март. Приходите од продажбата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на девојките кои ќе учествуваат во работилниците. Заработката ќе служи како поттик за финансиска независнот и мотивација за понатамошно развивање на вештините.