Апликација за менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Полошки плански регион за јавниот повикпреку иснтрументот за Ко-финансирани грантови за технолошки развој за Забрзан економски раст со ФИТР - повик 1 - 2022
Со пополнување на апликацијата компанијата се стекнува со право за добивање на менторска поддршка за јавниот конкурс за Забрзан економски раст со ФИТР. Бидејќи средствата за менторска поддршка се ограничени, редоследот на фирмите корисници на менторската поддршка ќе се определуваат по принципот прв пријавен прв услужен. За една фирма може да се ангажира консултант/и во зависност од бараната поддршка. Максималниот број на денови за една фирма може да изнесува 3 консултантски дена (8 часа/ден). Секое избрано претпријатие за менторска поддршка ќе има обврска да достави примерок од Извод од тековна состојба од централен регистар пред започнување на средбите.
Дополнително пред да се одобри менторската поддршка потребно е да се осигура дека претпријатието ги исполнува сите услови на ФИТР за аплицирање на повикот Ко-финансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Во овој повик компаниите настапуваат самостојно.