Со задоволство Ве покануваме на завршниот настан на мрежи на граѓански организации со цел да го споделиме искуството од спроведените проекти во рамки на програмата: „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“. На овој настан ќе имаме можност да се запознаеме со проектите на 5 мрежи на граѓански организации од јавниот повик за грантови за мрежи на граѓански организации за зајакнување и саморегулација.
Ве молиме вашето учество да го пријавете најдоцна до 29 март 2021 (понеделник). По регистрацијата, сите пријавени учесници ќе добијат ЗООМ линк пред почетокот на настанот.
Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС) , во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).
За повеќе информации, обратете се на емаил:
executiveoffice@balkancsd.net.
Ви благодариме!