Коалиција на иднината: Колективно дејствување за системска трансформација - приклучување
Ургентноста на климатскиот, еколошкиот и социо-економскиот колапс бара моќно меѓусекторско здружување и усогласување на нашите идеолошки и секојдневни акции и практики, колективитет вкоренет во грижа за заедницата и природата, и на база на тоа, заедничко планирање, организирање и градење на локални и регионални решенија за подобрување на животите на нашите семејства и заедници, транснационална солидарност и стремеж кон пост-екстрактивна, праведна иднина. Дискусиите кои ги започнавме минатата година за национален и регионален Зелен договор ги покриваат повеќето од овие теми, така што би ги земале истите како основа на која заеднички би го граделе делувањето на Коалицијата на иднината.

По тој повод, Ве покануваме да придонесете во работата на Коалиција на иднината: Колективно дејствување за системска трансформација.

Целта на оваа Коалиција е да биде платформа за градење на колективна визија за иднината која ја сакаме за себе и идните генерации (во државата и регионот) и креирање на широка меѓусекторска Коалиција од групи и индивидуи кои заеднички ќе создадат и имплементираат чекори кои ќе се стремат кон стигнување до таа иднина.

Доколку сакате колективно да работите, веќе работите, или сте дел од група која работи на подобрување на животите на луѓето во било која сфера на постоење, Коалицијата на иднината има потреба од Вашиот придонес!

Пополнете ја пријавата подолу.

Првите собири на Коалицијата на иднината беа организирани од страна на Kolektiv Z - YFoE Македонија. Овозможено од 🇪🇺.


Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Емаил *
Контакт број
Организација / иницијатива / движење *
Тематски групи на Зелениот договор од кои би сакал/а да бидам дел: *
Required
Начин на кој би сакал/а да придонесам во колективното дејствување на Коалиција на иднината: *
Required
Давам согласност за споделување на моите контакт информации со останатите членови на Коалицијата на иднината: *
Коментари / предлози: *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy