Пријава за учество на научната конференција „Форум за адаптација кон климатските промени и можности за start-up бизниси во земјоделството“
Почитувани,
Земјоделскиот институт при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го спроведува проектот насловен „EIT Food Start-Up Awareness Event“, кој е финансиран од единицата од Европскиот Институт за Иновации и Технологии – EIT Food, поддржана од Европската Унија.
Во рамки на проектот се спроведува научна конференција под наслов „Форум за адаптација кон климатските промени и можности за start-up бизниси во земјоделството“.
Настанот ќе се одржи на 9 ноември 2021 година (вторник) во просториите на Земјоделскиот институт во Скопје со почеток во 09:30 часот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на конференцијата, Ве молиме да се пријавите со пополнување на образецот.
Ве очекуваме!