За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Шуто Оризари, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од избирање на членови во Советот на млади при општина Шуто Оризари.
Бројот на членови на младинскиот совет на општина Шуто Оризари треба да изнесува 7 (седум) со родова рамноправност.
Членовите на Советот на млади при општина Шуто Оризари имаат мандат од две години со право на реизбор.
Изборот на членови на Советот на млади при Општина Шуто Оризари го прави Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање.