На ден 17-ти декември (сабота), со почеток од 09:30ч. во МКЦ (Кино Фросина) ќе се одржи секцискиот состанок на тема „Употребата на контрацептивните средства за унапредување на женското здравје“.
Вовед во оваа тема ќе даде Проф. Д-р Катарина Ставриќ, своја презентација ќе има Доц. Д-р Даниела Иванова Панова и приказ на случаи ќе дадат Спец. Д-р Димитар Гетов, Спец. Д-р Емилија Трајковска и Д-р Милена Симовик.
Настанот е со физичко присуство а ќе бидат поделени едукативни материјали за контрацептивните методи.
Овој настан е во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари а со поддршка на Македонско Лекарско Друштво и УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации.
* Сите регистрирани учесници бесплатно ќе добијат сертификат за успешна завршено стручно усовршување во дигитален формат