Пријава за вебинар “Инклузивно образование за учениците со интелектуална попреченост ” 15-ти мај // 10 часот // ZOOM

👩🏫 Почитувани со задоволство ве покануваме на вебинарот “Инклузивно образование за учениците со интелектуална попреченост ”.

Вебинарот ќе се одржи на 15-ти мај (сабота), со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM.
Низ вебинарот ќе не води еден од најистакнатите професори од областа на специјална едукација и рехабилитација проф. д-р Горан Ајдински од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет Скопје.

📣 Вебинарот ќе биде поделен на три сесии и тоа :
Сесија 1
Дефинирање на поимот интелектуална попреченост со фокус на социјалната адаптација. Класификација и распространетост на интелектуалната попреченост.
Едукацијата на учениците со интелектуална попреченост во посебните и редовните основни училишта.
Сесија 2
Карактеристики на учениците со интелектуална попреченост со посебен осврт на емоциите, памтењето, мислењето, вниманието, однесувањето,  играта и сл.
Прилагодување на планот и програмот за работа кон можностите на учениците кои ги имаат потешкотиите врз основа на нивните карактеристики и самата процена од инклузивниот тим.
Улога на наставникот, специјалниот едукатор (дефектолог) и стручниот/инклузивен тим во процесот на едукацијата на учениците со интелектуална попреченост.
Сесија 3
Работа со родителите на учениците со интелектуална попреченост
Соработка со стручните служби надвор од училиштето.
Прашања и дискусија за посочената проблематика.

📜Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.

📜Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.

👉Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари. Уплатата на котизацијата се извршува преку уплатница во банка или електронски преку ПП30 уплатница, исто така уплатата на котизацијата може да се изврши и преку фактура.
Последен предвиден рок за уплата е 12-ти мај
За студентите од Филозофскиот факултет Скопје следува 20% попуст на ктоизацијата.

💻За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.

❓ За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885

Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН



Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Мобилен телефон *
Во кое својство се пријавувате на семинарот? *
Доколку сте студент на Филозофскиот факултет Скопје, наведете го институтот на кој што студирате, во спротивно прескокнете го ова прашање.
На кој начин ќе ја извршите уплатата на котизацијата? *
Доколку уплата ја извршувате преку фактура, ве молиме наведете назив на првното лице и адреса на седиште.
Дали сте активен член во Здружението Ајнштајн и дали  ја имате уплатено годишната чланарина? *
Доколку не сте активен член на Ајнштајн, дали би сакале да добиете подетални информации за придобивките од нашето членство? *
Како дознавте за овој вебинар? *
Се согласувате дека сите погоре наведени податоци се точни? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy