Пријава за учество во проектот ЕНТЕГ

Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) и COSV - Координација на организациите за волонтерски услуги - Прилеп во склоп на проектот „ЕНТЕГ - Претприемништво за дипломирани студенти со високо образование“ објавуваат јавен повик за учесници.

Охрабруваме апсолвенти и дипломирани невработени млади, од Пелагониски регион, од различни образовни профили, од уметност до инженерство, да се вклучат во иновативна програма за унапредување на претприемачки вештини каде ќе научат техники и методи за тоа како да развијат бизнис идеја (од идеја до бизнис план), при што иновациите се во сржта на процесот.

Програмата нуди виртуелна лабораторија со алатки за информатичка комуникациска технологија, лекции и простор за соработка на учесниците. Преку оваа платформа учесниците ќе разменуваат идеи, ќе ги унапредуваат истите, ќе планираат и дизајнираат, ќе тестираат идеи преку искуствени вежби за виртуелно претприемништво вклучувајќи го и концептот на социјални претпријатија. Во процесот ќе имаат поддршка од ментори и консултанти. 

Програмата опфаќа комбиниран процес на обука (онлајн процес и обука со физичко присуство што ќе се реализира во Република Грција).

Oбуката ќе се реализира во периодот јули и август 2023 година со онлајн програма и ќе заврши со тренинг од 5 дена во септември 2023, во Солун, Грција.

Предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Кандидатите ќе бидат селектирани според одговорите во прашалникот и реализираното интервју.

Проектот „ ЕНТЕГ - Претприемништво за дипломирани студенти со високо образование “ се спроведува во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“, ко-финансирана од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
1. Име и презиме *
2. Возраст
*
3. Пол
*
Required
4. Националност
*
Required
4. Место на живеење
*
Дипломирав или сум апсолвент на факултетот
*
Име на Универзитетот:
*
7. Телефон за контакт
*
8. E-mail адреса
*
Која е Вашата мотивација да се вклучите во Програмата ЕНТЕГ:
*
Кое е Вашето претходно искуство со претприемништво?
*
Дали се гледате себеси како иден претприемач и во која област?
*
Кои компјутерски програми ги познавате и практикувате?
*
Самоевалуација на познавање на англиски јазик:
*
Required
Потврдувам дека ќе учествувам во процесот на учење во Програмата ЕНТЕГ во целост:
*
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy