Повик за волонтери: ENGAGE 2023

Радио МОФ и Младински образовен форум го организираат дванаесеттото издание на настанот за социјален активизам - ENGAGE кој ќе се одржи на 9-ти јуни (петок) 2023 година со почеток во 13:00 часот во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

За потребите на настанот, отвораме повик за волонтери. Како организација која силно верува и го поддржува волонтерството како одличен начин и механизам за искуствено учење и надоградување, би сакале да ги поканиме членовите на МОФ да ни се придружат во организацијата на овој целодневен настан и да добијат прилика да научат нешто повеќе за организирање и спроведување на настаните на МОФ, како и да присуствуваат на самите предавања и работилници во текот на денот.

На ENGAGE 2023 домашни и странски активисти, борци за човекови права и креатори на онлајн иницијативи ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам, социјална промена, слобода на говор, култура, животна средина, технологија и медицина. Преку ENGAGE, Радио МОФ и МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Email *
Телефонски број *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse