Формулар за пријавување за учество на за дводневна работилница за мобилно новинарство за креирање на новинарски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил, мигранти и лица без државјанство
Младинскиот образовен форум и РадиоМОФ во партнерство со УНХЦР а во рамки на проектот „Ангажирање на младите кон подобрување на наративите за бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство“ објавува повик за дводневна работилница за мобилно новинарство за креирање на новинарски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил, мигранти и лица без државјанство наменета за млади новинари помеѓу 20 и 35 години.
Работилницата има за цел да ги изгради капацитетите на младите новинари и да ги подобри нивните вештини во врска со мобилното новинарство како и да ги зголеми нивните знаења за известување и креирање на новинарски продукти поврзани со овие категории на лица. Повикот е отворен за сите новинари, фоторепортери, уредници и општо медиумски работници кои известуваат во Република Северна Македонија и создаваат видео прилози, пишани прилози (во печатени и медиуми на интернет), анимации, графички стории, фотостории и други визуелни форми на известување на дигитални медиуми.