Отворен повик за нови членови во Дебатни Клубови // Thirrje për anëtarë të rinj në Klubin е Debatit
Драги средношколци, отворен е повикот за нови членови во Дебатните клубови на Младински образовен форум!
Преку интерактивни неделни предавања во Дебатниот клуб ќе се запознаеш со светот на компетативна дебата! Ќе научиш како да истражуваш и проучуваш теми од различни области, како структурирано да изнесуваш аргументи, многу техники за одржување на јавни говори и правилно побивање на туѓи аргументи со кои не се согласуваш. Вештините што ќе ги стекнеш значително ќе ти помогнат да се развиеш на персонален, академски и професионален план.
Членувањето во дебатен клуб ви дава можност со својот тим да учествувате на локални, национални и меѓународни дебатни турнири. Клубовите функционираат на национално ниво, во пријателска атмосфера преку која ќе стекнеш нови пријателства и искуства поразлични од оние со кои се среќаваш во формалното образование.
Приклучи се!