Регистрација за информативна сесија за проект ЕУСАИР на  05.05.2023 год., во Велес
Почитувани,
 
Секретаријатот за европски прашања ја најавува првата информативна сесија за презентација на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), организирана во рамки на проектот "Поддршка на ЕУ за имплементација на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија".
 
Информативната сесијата ќе се одржи на 05 мај 2023 год., со почеток во 9:30 часот во Велес.
 
ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии, која е воспоставена во 2014 год., додека членството на Северна Македонија во Стратегијата започнува во 2020 год.
 
Општата цел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Земјите имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите региони во Јадранско-јонската област во четирите тематски области/столбови на дејствување: Син раст, Поврзување на регионот, Квалитет на животна средина и Одржлив туризам. Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
 
Информативните сесии ќе бидат организирани во осумте плански региони, со цел поблиско претставување на концептот на макро-регионална соработка, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион. Сесиите се наменети за сите чинители на локално ниво, како претставници на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот, образовните и истражувачки институции, граѓанскиот сектор и други јавни институции.

Регистрацијата на првата информативна сесија ќе биде отворена до 26.04.2023 год.

Со оглед на очекуваниот интерес за настанот, учеството е ограничено на еден претставник од организација.

Aгендата и точната локација на настанот ќе бидат споделени со пријавените учесници.

Ве молиме пополнете ги полињата подолу.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Институција/организација  *
Работна позиција *
Град *
Еmail *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
reCAPTCHA
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy