Фондацијата за фетална медицина предводена од еминентниот професор д-р Кипрос Николаидес, на 11-ти март во амфитеатарот на Медицински факултет, Скопје, ќе организира еднодневна теоретска обука за здравствени работници од Република Северна Македонија, кои вршат или планираат да вршат рутински ултразвучни антенатални прегледи во текот на првиот триместар (12-та гестациска недела) и вториот триместар (20-та до 24-та гестациска недела).
Линк до онлајн обуката: https://teams.live.com/meet/9415740954182