- Откриј го столарот во себе -

Столарска едукативна работилница за градење на лични вештини 

 Столарската едукативна работилница ќе трае 84 часа во пет и пол месеци, започнувајќи од 8 ноември 2023 година, два пати неделно, во понеделник и среда, по два часа, од 19 до 21 часот во просториите на Пасворд продакшн, каде се активностите на Столарскиот едукативен центар, на ул 8ма Ударна Бригада бр. 39/-1.

 Наменета е за лица кои сакаат да стекнат лични столарски вештини и сакаат да се занимаваат со столарство. Искуство не е потребно. Поттикнуваме да се пријават и жени.

 Во работилницата го имаме потребниот алат и материјали за спроведување на активностите. Ваше е да понесете лична заштитна опрема (заштитни наочари, заштитни ракавици, FFP2/N95 маска и тампони за уши) и да сте соодветно облечени за работа и можна прашина. 

 Групите ќе бидат ограничени на 10 лица, со цел да се овозможи ефективно пренесување на знаењата од менторите - професионални столари и за да се овозможи комоција на движење и работа во просторот.

 Материјалите кои се употребуваат во работилницата се пред сè иверка и дрво. Материјалите кои се користат во работилницата се остаток од производството на мебел од компаниите - наши поддржувачи, со што успеваме да го намалиме отпадот кој се создава во мебел индустријата. „Во столарството не постои отпад, само парчиња кои допрва треба да најдат употреба.“

 Работниот јазик е македонски.

 Котизација за учество во работилницата е 45.555,00 денари.  Трошокот за спроведување на работилницата е проценет на 60.777,00 денари. Благодарение на поддршката од компаниите можеме да го намалиме овој трошок.

 Пријавувањето на работилницата е отворено до 3 ноември 2023 година. Пријавувањето ќе се врши на принципот - први пријавени - први услужени. За пријавени ќе се сметаат тие лица кои ќе имаат пополнето пријава и уплатена котизација. За да се спроведе работилницата потребни се најмалку 6 учесници.

 Оваа работилница е спроведувана од страна на здружението на граѓани Одржливи иницијативи од Скопје, а е поддржана од компаниите: Акрон, Фамод, Бранимир компани, Про-дизајн, Сканда дизајн, Југоимпекс, Блажич, Монозеро, Астал масив, Биба терк, Инфини студио и Пасворд продакшн.



Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Пол *
Колку години имате? *
Ве молиме внесете го вашиот телефонски број за контакт.
Со кои алати имате искуство? *
Required
Какво искуство имате во работа со материјали од дрво и со столарство?
Clear selection
Како дознавте за работилницата?
Согласност за лични податоци
*
Required
Изјава за чување на алатот
*
Required
Изјава и разбирање за можни несакани повреди и штети
*
Required
Изјава за покривање на трошоците за спроведување на работилницата. *
Required
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
reCAPTCHA
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy