Почитувани родители,
Ви ја претставуваме нашата нова научна работилница ,,Вселенска авантура!" Оваа уникатна работилница е дизајнирана да ги воведе вашите деца во бесконечниот вселенски свет на астрономијата, истражувајќи го космосот на забавен и интерактивен начин..
Преку серија уникатни активности, вашето дете ќе има можност:
- Да слушне приказна за неверојатната вселенска авантура на Оливер, заедно со неговите други Биби и Боби во која ќе ги откријат тајните на планетите во сончевиот систем.
- Интерактивни игри за развој на логика и критичко размислување.
- Патување и истражување на вселената со помош на виртуелна реалност
- Оживување на сопствени изработки преку технологијата на агументирана реалност.
- Изработка и лансирање на ракета, спојувајќи го знаењето од физика, аеродинамика и хемија.
- Спроведување хемиски галактички експерименти кои овозможуваат истражување на универзумот на микро ново.