Пријава за учество на обуката „Форум за зелени start-up идеи“
Почитувани,
Земјоделскиот институт при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го спроведува проектот насловен „EIT Food Start-Up Awareness Event“, кој е финансиран од единицата од Европскиот Институт за Иновации и Технологии – EIT Food, поддржана од Европската Унија.
Во рамки на проектот се спроведува обука за млади фармери и студенти под наслов „Форум за зелени start-up идеи“.
Обуката ќе се одржи на 10 ноември 2021 година (среда) во просториите на Земјоделскиот институт во Скопје со почеток во 09:00 часот. По завршување на обуката, учесниците ќе се здобијата со сертификат за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, Ве молиме да се пријавите со пополнување на образецот.
Ве очекуваме!