Во склоп на проектот EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех, во организација на ЦИА Новус Струмица, а финансирано од Фондација Отворено Општество Македонија, се спроведуваат бесплатни обуки во 7 градови на тема:
“Пристап до ЕУ фондови за финансирање на бизнис идеи и проекти”
Последната (седма) од вкупно 7 обуки ќе се спроведува во Куманово на 26.04.2024 (петок) во Мулти Култи со почеток од 11 часот.
Пријавувањето за учество на оваа обука се врши со пополнување на оваа форма, при што нашиот тим во најбрз рок ќе Ве контактира на оставената мејл адреса