Завршна конференција - ,,Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации (InnoSupport)”
Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во партнерство со Фондација за Менаџмент и Индустриско Истражување и АРК Фонд организираат завршна конференција дел од проектот ,,Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации (InnoSupport)”, финансиран од Европската унија. Оваа конференција ќе се одржи на 06 јуни 2019 година со почеток во 10:30 часот во ЕУ Инфо центар.

Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од ЕУ има за цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси. Преку пакет алатки развиен во рамки на проектот целта е да се постигне подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и да се стимулираат нивните капацитети за преземање и реализација на иновациски проекти.

Завршната конференција ќе содржи 2 панел дискусии каде претставници од различни институции, компании и организации  ќе споделат свои искуства и информации на две теми. Првата панел дискусија ќе биде на следната тема: ,,Интерни и екстерни предизвици за развојот на иновации”, а втората панел дискусија ќе биде на тема: ,,Иновациите – перспектива за економскиот развој”.

Агенда
10:30 Пристигнување и регистрација
11:00 Поздравно обраќање
Фондација Претприемачки Сервис за Млади
Претставник од ЕУ Делегација (дсп)
11: 10     Кратка презентација на проектот и постигнатите резултати
Фондација Претприемачки Сервис за Млади  
11:30 Панел дискусија „Интерни и екстерни предизвици за развојот на иновации“
Компании победнички на натпреварот „Иновативно претпријатие на годината 2019”
Ирина Велевска (Омега Рисрч – најиновативна старт-ап компанија)
Александар  (Аспект – најиновативна мала компанија)
Димитар Проданов (Вори – најиновативна средна компанија)
12:15 Панел дискусија „Иновациите – перспектива за економскиот развој”
Катерина Кречева (Фонд за иновации и технолошки развој)
Ивана Станковска (Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење)
Софија Богоева (Скопје Лаб: Центар за иновации на Град Скопје)
Татјана Штерјова (Стопанска комора на Македонија)
13:00 Коктел

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Е-мејл *
Телефон *
Име на Компанија/институција/организација *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy