Конкурс за успешни приказни
FINANCE THINK - Институт за економски истражувања и политики, Скопје, во рамки на проектот „Буџет за сите: Граѓански консултации за креирање буџет според локалните потреби“ поддржан од Институт за Европски Политики објавува конкурс за споделување успешни приказни од страна на жители на општина Крушево. Сите жители кои дале предлог/идеја до општина Крушево што ќе го подобри квалитетот на живот (на пример изградба на детско игралиште, реконструкција на конкретна улица, парк, водоводна и/или канализациона мрежа и слично, организирање културни и/или спортски настани, отворање детска градинка, младински културен центар и слично) и притоа тој предлог/идеја бил реализиран од страна на Општината, се поканети да ја споделат својата успешна приказна.
Најинтересните пет приказни ќе бидат наградени со парична награда од 3.000 денари. Избраните лица ќе треба да потпишат согласност за фотографирање и снимање за учество во промотивна кампања на проектот. При изборот на наградените приказни ќе се води сметка за местото на живеење на учесниците, односно ќе бидат избрани лица што живеат во градот Крушево и во руралните населени места.
Рокот за споделување успешна приказна е 31 март 2022 година, а избраните лица ќе бидат контактирани на телефонскиот број даден во оваа апликација.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Населено место *
Возраст *
На кратко, раскажете ја вашата успешна приказна (кога сте дале предлог, како (преку допис до општината, на лична средба со градоначалникот или претставник на Општината или на организирана средба во форма на граѓански консултации, јавни дискусии, граѓански парламент и сл.), опиштете го вашиот предлог и објаснете кога и како истиот е имплементиран од страна на општината и во која мера неговата имплементација го подобри животот во вашето населено место) *
Телефонски број за контакт *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy