АРНО, како национален инкубатор во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises), објавува повик за млади луѓе (18-35 години) за учество во обука „Design Thinking за развој на идеи за социјални претпријатија“ која ќе се одржи 5-7ми јуни 2022, во Скопје.
Пријавувањето е отворено до 22 мај, до 23.59 часот. Избраните учесници ќе бидат известени на 23-ти мај, најдоцна до 16 часот.
Сите трошоци за пат, сместување и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Целосната објава можете да ја најдете овде
https://arno.org.mk/mk/vesti/prijava-za-obuka/