ПРИЈАВА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИЈА ЗА АКАДЕМСКА 2020/2021 година
Здружението на граѓани „Ромаверзитас во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и учеството на студенти Роми во високото образование и транзиција на пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија/Директорат за Проширување и Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта, објавува Конкурс за стипендии за студенти Роми за академската 2020/2021
Конкурсот за стипендија се однесува за сите студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус и постдипломски студии од втор циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.