Јавен повик за национални волонтерски награди 2022
Младински културен центар – Битола по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. По 17-ти пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми за:
ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2022 ГОДИНА
Предложените организации/ волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:
- Иницијативите/ програмите да се реализирани во Република Северна Македонија
- Предложените волонтери да се граѓани на Република Северна Македонија
- Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2022 година.
Краен рок за доставување на предлозите е среда 30 ноември 2022 година до 16.00 часот